Вистинска драма во училишниот двор: Децата биле мета на опасното животно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наставата, во едно село во Индија, била накратко прекината од непоканет гостин.

Loading...

Имено, на само неколку метри од училницата се појавила хиена! За среќа, наставничката навреме го забележала дивото животно, ги затворила учениците во училницата, а потоа решила да му се спротивстави на животното!

Нивната тепачка ја забележала и блиската надзорна камера, а на видеото се гледа како наставникот со помош на стап се обидува да го избрка животното, додека тоа ја напаѓа.

Врисоците ги слушнале и мештаните, кои притрчале да и помогнат на учителката, која во одреден момент дури била соборена од диво животно.

За среќа, неколку мажи успеале да се пресметаат со хиената, која набрзо побегнала.

Еден од мажите, како и наставничката биле повредени при овој напад, но за среќа хиената не успеала да стигне до децата кои од училницата ја гледале целата сцена.

 

https://www.youtube.com/watch?v=8v9pisgmISM

Loading...