Вистина или не: Дали металната лажица ги намалува лековитите својства на медот?

Сподели со своите пријатели

Веќе знаеме колку медот е добар за организмот.

Loading...

Неговите лековити својства се неверојатни, тој е одличен антиоксиданс, го стимулира варењето и метаболизмот, а исто така е добар пробиотик, го зајакнува имунолошкиот систем, го забрзува закрепнувањето на телото, ја лекува кожата (од рани и изгореници) и спречува брчки …

Но, постојат толку многу различни верувања за медот – од бојата, преку името, до начинот на кој се користи за целосен ефект.

 

 

 

Колку пати сте слушнале дека медот не е добар да се јаде или да се прелива во чаша млеко или чај со метална лажица, со образложение дека најпознатиот пчелен производ на тој начин ќе ги изгуби лековитите својства?

Loading...

Објаснувањето зошто медот не треба да се вади од теглата со метална лажица е: доаѓа до хемиска реакција помеѓу медот и лажицата, па медот престанува да делува.

Искусните пчелари тврдат дека тоа не е точно.

Имено, медот има pH вредност од околу 3,9. Металниот прибор за јадење е направен така што не создава никаква хемиска реакција во контакт со храната.

 

 

Но, она што е уште поважно е следново: машините за вадење мед се направени од метал, кантите за чување мед се исто така метални, при аналитичка контрола медот се мери со метална лажица, а сондата за земање примероци од мед е, погодувате, метална.

Значи, слободно јадете мед со метална лажица, нема да му ги уништите лековитите својства.

Loading...