Викендов акции за собирање кабаст отпад низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ ќе организира акција за собирање кабаст отпад, најавија на прес-конференција надлежните од претпријатието.

Loading...

Акцијата ќе се организира во сабота и недела (4 и 5 ноември) во периодот од раните утрински до попладневните часови.

Кумановци ќе имаат можност на четири локации во градот, каде ќе можат да депонираат кабаст отпад: кај противпожарна единица, кај градскиот базен, во населба „Гоце Делчев“ и во Долно Којнаре.

Граѓаните ќе имаат можност да го одложат отпадот, по што екипите на претпријатието ќе го изнесат.

– Оставањето на кабаст отпад на локации кои не се дозволени е пречка и за граѓаните, го оневозможување движењето и е проблем и за нас како претпријатие. Водевме сметка граѓаните на повеќе локации да имаат можност да го остават отпадот, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

На претходните акции немаше доволно интерес од кумановци за акциите за изнесување на кабаст отпад.

Претпријатието нуди можност на граѓаните за одредена сума да се јават и екипи од претпријатието да го изнесат отпадот, особено при реконструкции на куќи, објекти и слично. Сепак, мал број на граѓани ја користат оваа можност.

– Дополнително „дивите“ превозници кои им наплаќаат на граѓаните го исфрлаат мебелот на несоодветни локации, често и во реката, затоа се и овие акции, вели Стојчевски.

Loading...

Претседателката на советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, вели дека за сите приоритет е чист град.

– Размислуваме за субвенции за граѓаните, за да се олесни самиот процес. Кумановци можат и да предложат каде треба да биде и наредната акција за изнесување кабаст отпад. Доста гледавме мебел по реките, изјави Ѓорѓиевска.

На минатата акција само неколкумина граѓани оставија мебел на пунктовите.

Никола Ивановски