Викенд временска прогноза за Куманово: Никаде без чадор!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Куманово ќе биде сончево до умерено облачно во претпладневните часови.

Loading...

Попладне ќе настапи наоблачување кое ќе донесе повторна нестабилност, проследена со врнежи од дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и претстојниот викенд.

Утре, на првиот ден од викендот, ќе има локални врнежи од дожд и услови за невреме со грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени целизусови.

Недела носи пораст на дневните температури. Претпладне ќе биде топло и сончево до умерено облачно. Во попладневните часови повторно ќе има услови за нестабилност и невреме, а максималната дневна температура ќе достигне 29 степени целзиусови.

Слични временски услови ќе има и во првите неколку денови од следната работна седмица.

Никола Ивановски

Leave a Reply