Викенд временска прогноза за Куманово: Еве што прогнозираат синоптичарите

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта од запад се прошири зголемена облачност од која кон изутрина започна повремен дожд претежно во западните делови.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно претпладне и во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2.

На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне до осум степени.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме комбинирано време, претежно облачно со услови за дожд, но и со услови за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Поголемо разведрување ќе има во недела кога времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од југ, односсно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени целзиусови, а максималната дневна до 13 степени.

Loading...

 

 

Врнежите од дожд ќе продолжам веќе ноќта од недела спрема понеделник.

Никола Ивановски