Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималните температури низ државата ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од 11 степени во утринските часови, до максимални 25 во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе биде околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 27 степени целизусови.

 

 

Сончево и топло време ќе имаме во недела. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во утринските часови се очекува температурата да биде околу 14 степени целизусови, додека дневниот максимум ќе се искачи дури и до 27 степени.

 

Loading...

 

Сончево, стабилно и топло време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски