Викенд прогноза за Куманово: Температури и до 26 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно, но топло време, со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе достигнува и брзина од 43 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност и умерен до засилен ветер од југ и југоисток.

Минималната температура ќе се движи околу 9 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне повторно 26 степени целзиусови.

 

 

Температурите над 20 степени целзиусови ќе се задржат и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски

Loading...