ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе надмине брзина од 40 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северн правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.

Ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од минимални 3 до максимални 11 степени целзиусови.

 

 

Слични температури ќе се задржат и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски