Веќе го скрши новиот iPhone X за кој плати 1.200 долари (видео)

Сподели со своите пријатели

Стотици луѓе вчера ги купија првите примероци на iPhone X откако со часови чекаа во редовите пред продавниците.

За најновиот примерок платиле нешто повеќе од 1.200 долари.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

Loading...

Во Кина поради временската зона уредот прв тргна во продажба, а многу купувачи со видеозаписи своите први дожидувања со уредот ги споредлуваат со остатокот од светот.

Неименуван маж по купувањето заминал во толает и го земал веднаш телефонот да го испроба низ рацете, но по неколку моменти му паднал на подот.

Фотографии од уше неколку искршени уреди кружат по интернет, а некои корисници оделе да истражат со која височина iPhone може да издржи пад, а да не се скрши екранот.

Инаку, во Apple работеа на материјали со поголема издржливост. Стаклото е посилно од претходно, а некои на кои новиот уред веќе им испаднал велат дека и натаму работи покрај тоа што е искршен, пишува Индепендент.

Apple на своите купувачи им нуди „AppleCare+“, поволна поправка на новиот уред.