Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

Сподели со своите пријатели

Како налага традицијата, секој нов телефон кој ќе се појави на пазарот, подложен е на тестови за издржливост кои се популарни на интернетот.

Специфично, „JerryRigEverything“ ни го претставува новиот тест на издржливост за последниот модел на iPhone, на кој телефонот е подложен на гребење, палење и превиткување.

Без преголемо изненадување, iPhone 8 добро се снајде и ги преживеа сите тестови, како што тоа беше обичај и со неговиот претходник – седумката. Секодневните сценарија во реалниот живот сигурно ќе бидат помалку сурови, така да доколку iPhone 8 успее да ги издржи споменатите услови, голема е шансата дека ќе преживее и слични незгоди во вистинскиот свет, за оние кои се параноични и се плашат да го оштетат новиот iPhone, тука се т.н. „Ејпл кавер“ по цени од 40 до 50 долари.

Loading...