Веќе 100 резервации за патување во вселената годинава: Од цената боли глава!

Сподели со своите пријатели

Virgin Galactic објави дека на 16 февруари ќе започне со продажба на билети за своите патнички летови во вселената, а заинтересираните ќе треба да уплатат 150.000 долари, а потоа ќе пристигне главното!

Loading...

Најевтиниот билет ќе чини 450.000 долари, а патниците имаат на располагање три пакети: купување на едно седиште, врзани седишта за парови, семејството и пријателите или закуп на целото летало.

Вирџин Галактик имаше околу 600 резервации за идни летови во изминатите десет години, а секоја чинеше помеѓу 200.000 и 250.000 долари.

Новата продажба на местото започна минатото лето по цена од 450.000 долари, а од ноември до денеска се продадени сто билети.

Компанијата, чии акции неодамна скокнаа за 10 отсто, најави и дека ќе го промени своето лого, па наместо зеницата на основачот Ричард Бренсон, ќе има виолетова контура на своето летало.

Бренсон продаде акции на компанијата во вредност од повеќе од 1,25 милијарди долари од 2019 година.