Вчера казнети 44 возачи за брзо возење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четири лица вчера биле канзети во Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (08.09) од 16.00 до 24.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 44 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, појаснуваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски