Ватикан во страв од нова книга: 80 отсто од свештениците се хомосексуалци

Сподели со своите пријатели

Според деталите од шокантната книга која ќе биде објавена следната недела, некои од најстарите клерици во Римокатоличката црква, кои гласно ја напаѓаат хомосексуалнсота и самите се склони кон истиот пол.

Loading...

Имено, 80 отсто од свештениците кои делуваат во Ватикан имаат хомосексуална наклонетост. Меѓутоа, тоа не влијае тие да бидат нужно сексуално активни, се тврди во книгата со оргинален наслов „In the Closet of the Vatican“, која допрва треба да биде објавена.

Книгата од 570 страници, која францускиот новинар и писател Фредерик мартел ја подготвувал четири години е приказна за корупцијата и лицемерието во срцето на Ватикан, се наведува во описот на издавачот.

Имено, следната среда книгата се објавува на осум светски јазици во 20 земји, што се подудира со денот на отворањето на големата конференција во Ватика за сексуалното злоставување, на која се повикани бискупи од целиот свет.

Авторот открива дека некои хомосексуални свештеници ја прифатиле својата сексуалност и дека одредени ја држеле во тајност својата сексуална ориентација, додеак други повремено се видувале изложувајќи се на ризик. Меѓутоа, некои од целиот свет ја негирале сексуалноста, се наведува во книгата.

Иако книгата не ја поврзува хомосексуалноста со сексуалните злоставувања на деца, Мартел во неа пишува дека одредени свештеници се учени да не го осудуваат злоставувањето и со самото тоа се жртви на сексуалните напади и по неколку децении молчеле за тортурите низ кои минувале, пишува Гардијан.

Leave a Reply