Ватикан ја претстави паметната бројаница „Кликни и помоли се“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Ватикан, се чини дека не се многу задоволни од тоа како младите во денешно време внимаваат на црквата и верата, па решија да понудат „алатки за молитви“ за милениумците во согласност со современите трендови.

Loading...

Уредот наречен „Click To Pray eRosary“ е електронска бројаница која преку апликација се поврзува со паметниот телефон на корисникот. Се активира кога корисникот ќе направи движење во форма на крст.

Самата нараквица е изработена од 10 монистри од црн агат и хематит, а има и „паметен“ крст во кој се чуваат податоците, пишува Engadget.

Кога е активиран, корисникот може да избере од три типа молитва: стандардна, контемплативна или тематска, што ќе се менува на годишно ниво со годишно ажурирање.

Овој уникатен „гаџет за молитви“ го придружува својот корисник во молитвата, го запишува нивниот број и одржува статистика. Уредот собира и информации за здравјето на корисниците.

Сите верски содржини што му се потребни на корисникот можат да бидат персонализирани преку апликацијата.

Електронската бројаница „Click To Pray“ е креирана од мрежата на папата – Worldwide Prayer Network и е наменета да им помогне на верниците да научат да се молат за мир низ целиот свет, пренесува Си-Ен-Ен.

Цената на овој необичен религиозен „гаџет“ е 99 евра или 110 долари.

Loading...

Leave a Reply