ВАНДАЛИЗМОТ НЕ ЗАПИРА: Клупи од градскиот кеј завршија во реката Кумановка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Клупа од градскиот кеј во Куманово заврши во реката Кумановка која се наоѓа во непосредна близина.

Loading...

Фотографии со осудувачка порака против вандализмот на социјалните мрежи објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

– Вандализмот нема граница, можеби само на момент те прави да се чувствуваш одважен но всушност си толку многу неодговорен и штетен за заедницата. Ние уништените клупи на градскиот кеј повторно ќе ги направиме но време е и да го заштитиме заедничкиот имот. Заедно да го осудиме вандализмот, напиша Димитриевски.

 

 

Инаку, ова е само едно во низата од вандалски дејствија на подрачјето на Куманово. Претходно беа оштетени скарите и канделабрите поставени во викенд населбата Студена вода, како и новите игралишта кај техничкото училиште.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply