Вакцинацијата почнува в среда, рече Филипче

Сподели со своите пријатели

Вакцинацијата против коронавирусот во Македонија започнува в среда, најави денеска од граничниот премин Табановце, министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Токму на овој граничен премин денеска со полициска придружба, српска делегација предводена од тамошниот претседател Александар Вучиќ и министер за здравство Златибор Лончар, ги предаде на македонскиот премиер Заев и министерот Филипче.

Филипче изрази благодарност до Србија за донацијата на 4.680 вакцини, од вкупно 8.000 колку што треба да ни достави северниот сосед.

– Вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, рече Филипче на граничниот премин Табановце.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението, информираше министерот. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Никола Ивановски

Leave a Reply