Уживала покрај базенот, а потоа почувствувала необичен мирис: Кога се свртела, останала шокирана (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британката Ева Бачу уживала во својот летен одмор на Крит, каде се релаксирала покрај базенот, кога наеднаш почувствувала непријатен мирис.

Loading...

Имено, таа почувствувала мирис на чад, а кога се свртела да земе вода од чантата бидејќи била жедна, сфатила дека чантата и се запалила.

Нејзиното видео на ТикТок е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати, а 21-годишната девојка тврди дека пожарот настанал од големата топлина, која го загреала металното копче на чантата толку многу што ја запалило ткаенината.

– Чантата ја купив во Примарк во април, не се сеќавам точно колку чинеше, помеѓу 12 и 14 фунти. Ставив шише вода во чантата, но не го ставив во сенка, туку на сонце. Кога се свртев бидејќи бев жедна, видов дека чантата гори – изјавила Ева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Иако таа смета дека металното копче е причина за пожарот, многумина коментираат дека шишето со вода го предизвикало одразот што го предизвикал пожарот.

– Секоја палета на производи на Примарк е независно тестирана за да се осигура дека се исполнети релевантните стандарди за безбедност и квалитет. Бевме изненадени кога слушнавме за ова и немавме други пријавени случаи, но ако клиентот ни ја врати торбата, со задоволство ќе го истражиме ова дополнително за да разбереме што би можело да се случи – рекоа во Примарк каде е купена торбата.

 

@evabacchoo AS IF 😩😩😩 #primark #primarkhaul #primarkbag #takeofffestival #malia #greece ♬ original sound – Eva Bacchoo

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра