Утринава на Табановце се чека и до еден час

Сподели со своите пријатели

Од 45 минути до еден час се чека за влез во земјава преку Граничниот премин Табановц.

Loading...

– Од ГП Табановце не известија дека на граничните премини, од македонска страна, на ГП Табановце бележат задржување од 45 минути до 1 час, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

 

Состојба на ГП Табановце во 08:50 часот

 

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во извештајот на Автомото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply