Утре ќе се одржи 20. седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено политички организации, Комитет утре со почеток во 10 часот ќе се одржи 20-тата седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат 30 точки, меѓу кои програми за работа на јавните претпријатија „Куманово паркинг“, „Куманово гас“, „Водовод“, програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини, Програма за уредување и одржување на градско зеленило  и програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување.

Loading...

Советниците ќе расправаат и за Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини од страна на лица со посебни потреби,  предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен за учениците од основните и средните училишта и  предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни и средни училишта. На дневен ред ќе биде и предлог – Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво,годишна програма за 2019 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“, предлог – Програма на културни манифестации, Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести. Ќе се дискутира и за  предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура, предлог – Програма за помош и поддршка на самохрани родители. Ќе се разгледаат и предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата, предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа, предлог – Одлука за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма односно назив на деловна просторија (заклучно со 2010 год.) и данок на имот за правни и физички лица (заклучно со 2008 год.).

Дискусија се очекува да предизвика предлог – Буџетот на Општината Куманово за 2019 година,п редлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници, предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот, предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот за 2019 година за ангажирање на 9 (девет) работници преку агенција за привремени вработувања за потребите на општинската администрација,предлог – Одлука за одземање на мандат на член на Советот на Општина Куманово и предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2019 година.

Седницата можете да ја следите во живо на телевизија Плус.

Leave a Reply