Утре ќе се одржи конститутивната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Конститутивната седница на Советот на Општина Куманово ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во големата сала во зградата на поранешен Комитет.

Loading...

На дневен ред ќе се најдат вкупно пет точки, а првата ќе биде избор на претседател и членови на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово.

Потоа ќе следува верификација на мандатите, па извештајот на Верификационата комисија.

Пред новите членови на Советот ќе се најде Предлог – Одлуката за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Куманово, по то советниците ќе дадат и потпишат свечена изјава.

Како трета точка на дневениот ред ќе биде избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Четвртата точка предвидува избор на претседател на Советот, а со последната точка ќе се утврди кои советници ќе учествуваат при склучување бракови во општината.

Сѐ уште не е познато кој со кого ќе коалицира во новиот состав на Советот, а преговорите се очекува да бидат финализирани денеска.

Засега има најава дека за претседателка на Советот ќе биде предложена Ивана Ѓорѓиевска од Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, за која ќе се бара поддршка од сите советници.

Loading...

До изборот на новиот претседател на Советот, конститутитвната седница ќе ја води најстариот член во новоизбраниот состав.

Никола Ивановски