Утре дезинсекција против комарци на застоени водни површини во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дезинсекција против комарци на застоени водни површини ќе биде извршена утре во Куманово во период од 08:00 до 14:00 часот.

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово, третманот ќе се изврши на следните локации: село Речица, индустриска улица; село Клечовце, место викано Бара – Ајдучка чешма, по течението на реките Којнарка и Кумановка, локација „Толи Зордумис“.

При извршување на третманот ќе се користи препаратот Biopren 4GR.

Од полноќ пак ќе започне процес на адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци.

При извршување на третманот ќе се користи препаратот Akva Kotrin.

– Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, стои во соопштението од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КУМАНОВО: Колку луѓе гласаа до 18:30 часот?

Никола Ивановски