Утре без струја овие делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово утре привремено ќе бидат без електрична енергија, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 07:30 до 14:00 часот прекини ќе има во населбата Железничка станица и улицата „11 Октомври“.

Од 07:30 до 08:00 и од 13:30 до 14:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „Ибе Паликуќа“, населбата Тоде Мендол (Диво Насеље бараки, бензинска Лук Оил на автопат, бензинска Трготим), дел од улицата „Индустриска“, дел од улицата „11-ти Октомври“ (од Автопат до железничка пруга), населбата Железничка станица, како и селото Черкезе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски