Усвоена е Стратегијата за градење отпорност и за справување со хибридни закани

Сподели со своите пријатели

Владата денеска ја разгледа и усвои Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани и придружниот Акциски план.

Loading...

Целта на оваа стратегија е создавање заедничка свест за природата на хибридните закани, мапирање на обврските и носителите, идентификување на начините за делување, како и креирање ресурси за градење национална отпорност со ангажирање на целокупното општество (whole – of – society approach), што подразбира и изградба на општество подготвено за рана детекција, за одговор и брзо заздравување, со учество на сите релевантни чинители во справувањето со хибридните закани.