Уште една недела за проверка на гласачите во Избирачкиот список

Сподели со своите пријатели

Седум дена преостануваат за јавниот увид во Избирачкиот список (9 септември на полноќ), а девет дена (11 септември на полноќ) за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници до Општинските изборни комисии за локалните избори закажани за 17 октомври.

Loading...

Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.

До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список.

– Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 35 барања.

Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.

МИА