Уште еден жител на Гошинце со кривична за превоз на дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.О.(46) од село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

На 15.09.2019 на локален пат Куманово – селото Липково, пријавениот без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца.

Leave a Reply