Уште еден 22-годишен Кумановец со кривична поради марихуана

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 14.07.2019 на магистралниот пат с.Лојане – с.Стража полициски службеници извршиле преглед на моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И., во кое како совозач бил Ј.З., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Leave a Reply