Уште 46 кумановци на листата исклучени од сообраќај

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 18 до 25.11.2019 на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешнир аботи.

Loading...

Од сообраќај се исклучени 46 возачи, од кои осум кои управувале под дејство на алкохол и 38 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

– Од сообраќај се исклучени 35 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 15 возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради користење мобилен телефон додека управувале моторно возило, шест возачи поради некористење сигурносен појас, двајца поради тоа што поминале на црвено светло, еден возач поради непрописно престројување и еден поради недавање првенство на минување, стои во неделниот извештај на СВР Куманово.

Во текот на изминатата недела издадени се 247 мандантни платни налози, 129 прекршочни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply