Уште 44 активни случаи во Куманово од вкупно 408 досега

Сподели со своите пријатели

Девет лица се оздравени во Куманово во текот на изминатото деноноќие со што во Куманово активни оставуваат 44 случаи од вкупно 408 регистрирани од почетокот на пандемијата.

Loading...

Во изминатото деноноќие во Куманово нема регистрирано нови случаи.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, во Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.

Во изминатите 24 часа, како што информира Министерството за здравство, направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 563, активни 128, Куманово – 408, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –178, активни 58, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2 и Берово-1, активни 1.

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -6.  Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на Ковид-19.

Како што информира Министерството, изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.

Во ГОБ „8 септември” примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика.

Loading...

Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно седум, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Leave a Reply