Управниот инспекторат влезе во кабинетот на министерката Ременски

Сподели со своите пријатели

Управниот инспекторат вчера влезе во просториите на Министерството за труд и социјална политика за да направи проверка откако до нив наводно била доставена анонимна претставка дека неовластено лице во министерството решавало граѓански проблеми.

Loading...

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски вели дека при контролата на инспекторите им биле доставени сите побарани документи на увид.

Задолжено лице за одговарање на прашањата кои пристигнуваат на официјалната имејл адреса на министерството е Наташа Методиева, административен службеник во Кабинетот на министерот, долгогодишна вработена во министерството. Шеф на кабинет на министерот за труд и социјална политика е административниот службеник Јована Тренчевска, долгогодишна вработена во Министерството за труд и социјална политика. Третиот административен службеник во кабинетот на министерот е Слободанка Лазова Здравковска, административен службеник во кабинетот на министерството, вработена во министерството – вели Ременски.

Како одговорна за контакт со граѓаните во целата приказна се споменуваше Мила Царовска, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, но таа не е вработена во министерството., а Ременски побарала да и биде отворен службена електронска пошта.

Тоа беше и причината поради која поранешниот министер Диме Спасов влезе во конфликт со Ременски и бараше вработените на министерството да и откажат послушност.

Ги охрабруваме и граѓаните и вработените да пријават секаков вид на притисоци, незаконско постапување или барања од претпоставен за незаконско постапување. По секоја пријава доставена до Министерството за труд и социјална политика по електронски пат или на друг начин ќе се постапи согласно со Законот и кодексот на јавната администрација. Тоа не е волја, туку обврска“, одговори Ременски.

Инаку во последниот период Ременски во пакет со новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се постојана мета на критики на провладините медиуми, а по се изгледа таа пракса ќе продолжи и понатаму.

Извор: мкд.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.