Умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и тивко време. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а во текот на денот максимумот ќе достигне до 7 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Leave a Reply