Украинските војници почнуваат со обука за ракетниот систем Патриот во САД следната недела

Сподели со своите пријатели

Припадниците на украинската војска треба да започнат со обука за ракетниот систем „Патриот“ во САД веќе следната недела, изјавија за Си-Ен-Ен двајца американски претставници запознаени со ова прашање.

Loading...

Програмата за обука ќе се одржи во Форт Сил, Оклахома, каде што американската војска спроведува обука на своите членови за управување и одржување на напредни системи за противвоздушна одбрана.

Форт Сил е едно од четирите основни места за обука на Армијата и дом на теренската артилериска школа, која обучува припадници на војската повеќе од еден век.

Обуката на Украинците за управување со сложениот систем се очекува да трае „неколку месеци“, рече заменик-помошникот секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Лаура Купер.

„Не можам да дадам конкретна временска рамка за завршување на обуката во овој момент“, рече Купер.

Прес секретарот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер минатата недела изјави дека САД разгледуваат различни опции за тоа каде да се спроведе обука за ракетниот систем Патриот – „во САД, во странство или комбинација од двете“.

САД објавија дека го испраќаат ракетниот систем Патриот во Украина на крајот на декември, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Вашингтон и се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...