Украина: Спречивме напад на Киев. Остатоци од ракета паднале во близина на детската болница

Сподели со своите пријатели

Неколку експлозии се слушнаа денеска во украинскиот главен град Киев откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради можни дронови во областа.

Loading...

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа.

Градските власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи и воздухопловните сили снимиле руски суперсонични ракетни напади во областа Киев.

„Експлозии во градот. Останете во засолништата!“, напиша Кличко на комуникациската платформа „Телеграм“.

Тој рече дека фрагменти од соборената ракета паднале на просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени и нема причинета штета.

Јавниот сервис Суспилна објави дека имало експлозии во регионите Виниција и Хмелницки во центарот и западниот дел на земјата.

Официјален претставник на Хмељнички изјави дека во областа оперира противвоздушна одбрана.

Привремено затворен аеродромот во Москва

Летовите на полетување и пристигнување на аеродромот во руската престолнина Москва се прекинати поради можни беспилотни летала, пренесе руската агенција РИА.

Loading...

„Поради причини надвор од контрола на аеродромот, на Внуково се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авиони“, соопштија од аеродромот.

„Од безбедносни причини, некои летови се пренасочени кон други аеродроми во областа на Москва“, додаваат тие, но без дополнителни детали.

Московскиот регион во последните недели беше цел на бројни напади со беспилотни летала, за кои Русија ја обвинува Украина.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.