Украина: Русите лансираа 28 проектили и дронови синоќа, соборивме 19

Сподели со своите пријатели

Воздухопловните сили на Украина објавија резиме на синоќешните воздушни напади.

Loading...

Тие наведуваат дека руските сили лансирале вкупно 28 проектили и дронови, од кои 19 биле соборени од украинската воздушна одбрана.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили тврди дека противвоздушната одбрана соборила три од шест крстосувачки ракети Калибр лансирани од бродови во Црното Море и 16 од 22 беспилотни летала камикази лансирани од Русите ноќта меѓу четвртокот кон петокот.

„Воздушните напади продолжуваат речиси на дневна основа“, изјави Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.