Украина: Русија денеска лансираше над 50 крстосувачки ракети кон Украина

Сподели со своите пријатели

Русија утринава лансираше „повеќе од 50 крстосувачки ракети“ во голем нов напад врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Loading...

„Повеќе од 50 крстаречки ракети од типот Х-101/Х-555 беа лансирани со авиони“ од типовите Ту-95 и Ту-160 од северот на Каспиското Море и од руската област Ростовска, се вели во соопштението објавено преку Телеграм.

Украинските власти претходно известија дека утринава биле извршени голем број руски ракетни напади врз важни инфраструктурни објекти во Киев, Харков и други украински градови.

Дел од главниот град на Украина остана без струја и вода како резултат на нападот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Денешните руски напади доаѓаат два дена по нападот со дронови врз руската флота на Крим, за кој Москва смета дека го извршила Украина со помош на Велика Британија.

По нападот на руската флота, Русија го суспендираше учеството во договорот за извоз на украинско жито постигнат летово.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.