Семејна куќа вчера била опожарена во кумановската населба Карпош, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Пожарот избувнал на улицата „41“ во семејна куќа, при што на терен излегле шестмина пожарникари со две противпожарни возила.
Интервенцијата траела од 08:32 до 10:15 часот, а опожарен бил половина од објектот.
Во текот на изминатото деноноќие кумановските пожарникари бележат уште две интервенции. И двете биле на запалена сува трева, едната во село Доброшане, а втората во атарот на селото Романовце.
Две интервенции вчера имале и пожарникарите во Општина Старо Нагоричане. И двата пожари биле во селото Сув Орах.
Во двата случаи биле опожарени сува трева и грмушки.
Никола Ивановски