Викенд прогноза за Куманово: Сонце и пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна ќе достигне дури до 21 степен целзиусов.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица во Куманово се затруле од чад поради запален оган кај нивен сосед

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 21 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме исто така сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, додека дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Високи температури ќе имаме и во текот на следната работна недела, но со нешто помалку сонце.

Никола Ивановски

Loading...