Четириест и четиригодишна државјанка на Србија била приведена вчера под сомнение дека ограбила 81-годишна кумановка.
Loading...
– На 06.03.2025 во 21.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.С.(44) од Република Србија. Таа се сомничи дека на улица „Пиринска Македонија“ во Куманово одзела паричник на К.А.(81) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски