Украина ги предупреди преговарачите: Не јадете и не пијте на преговорите, би можеле да ве отрујат

Сподели со своите пријатели

Оние кои преговараат со Русија не треба да јадат и пијат со нив по извештаите за труење на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските преговарачи, предупредува украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Loading...

– Ги советувам сите кои учествуваат во преговорите со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо и, доколку е можно, да избегнуваат да допираат каква било површина – изјави Кулеба, пренесува Sky News.

 

Во Украина продолжува евакуацијата на населението по хуманитарните коридори (ВИДЕО)

 

Тој ова го изјави непосредно пред почетокот на преговорите меѓу украинската и руската страна во Турција.

Волстрит журнал во понеделникот објави дека рускиот олигарх Роман Абрамович, кој сака да посредува меѓу Москва и Киев за да се запре војната во Украина, и двајца украински преговарачи имале симптоми кои укажуваат на можно „труење“.

Ројтерс, повикувајќи се на три извори, пишува дека на преговорите во Истанбул учествува и Абрамович.

Loading...