Украина ги повика руските војници да се предадат

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“.

Loading...

„Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување“, рече Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници, пренесе Радио Слободна Европа.

Гарантираме живот, безбедност и правда за сите што веднаш ќе одбијат да се борат“. И ќе обезбедиме судење за оние кои дадоа криминални наредби“, вети тој.

Резников им рекол на војниците дека Кремљ ги измамил и ги предал.

„Полесно им е да ви кажат дека херојски загинавте борејќи се против измислените орди на НАТО. Точно е дека земјите од НАТО нѐ снабдуваат со оружје. Но, со тоа оружје ве тепаат украинските војници“, рече Резников.

Резников рече дека „на украинските војници не им требаат руски земји, ние имаме доволно свои“. И сите ги враќаме назад“.

Украинските трупи водеа контраофанзива на југот и на истокот на земјата во последните неколку недели, заземајќи големи делови од нивната територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...