УХМР: Во следните два дена пообилни врнежи и почести електрични празнења

Сподели со своите пријатели

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Loading...

Како што потенцираат синоптичарите на УХМР, во следните два дена нестабилно ќе биде на повеќе места, а се очекува локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ДАЛИ ГИ ИСКЛУЧУВАТЕ АПАРАТИТЕ КОГА ГРАМИ: Еве што можете, а што не можете да користите и каде сте најбезбедни!

Никола Ивановски

Leave a Reply