УХМР со најава за локален дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Loading...

Попладне ќе биде нестабилно наместа со дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со облачност во попалдневните часови и слаби услови за врнежи од дожд и грмотевици.

Максималната температура во кумановско денеска ќе достигне 24 степени.

Како што информираат од УХМР, следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.

Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со краткотраен силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply