УХМР: Не престојувајте на отворено во случај на електрични празнења

Сподели со своите пријатели

Попладнево на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

И во делови од Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во препораката издадена од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply