УХМР најавува врнежи, грмежи и значително заладување

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Loading...

Како што додаваат од Управата за хидромеотеоролошки работи, ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.

Од вторник ќе преовладува умерено облачно. време со услови за локален слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви