УХМР најавува нов студен бран

Сподели со своите пријатели

Денес попладне и во текот на ноќва ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

До изутрина на планините снежната покривка ќе се зголеми, а ќе се формира помала снежна покривка и на некои пониски места, особено во северните делови.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час).

Студеното време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски