УХМР најавува невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме.

Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час).

Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40

l/m2).

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.

Никола Ивановски

Loading...