Учениците од „Толи Зордумис“ се запознаа со работата на полицијата

Сподели со своите пријатели

Во рамките на Неделата на безбедност во сообраќајот, ученици од ООУ „Толи Зордумис“ денеска беа во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде се запознаа со работните задачи на полицијата.

Loading...

Од надлежните слушнаа за работата на кумановската полиција, нивните сектори, крим техниката, но и сообраќајните правила и прописи и санкциите кои што можат да им бидат изречени на лицата кои прават прекршочни или кривични дела.

– Најмногу ги интересира работата на крим техниката и на сообраќајната полиција. Всушност и оваа група сега со радост чекаат да излезат надвор и да земат стоп алка да може и тие со полицаецот да запираат, контролираат документи, многу работи веќе им се познати, тоа е знак на добрата работа и на наставниците кои што се во таа област во училиштето,  но и на честите едукативни предавања кои што ги спроведуваат нашите службеници, изјави Виолета Богдановска, раководител на Отсек за превенција при СВР Куманово.

Како што информираше Богдановска, заедно со полициските службеници во текот на денот учениците имаат учествувано во контрола и регулирање на сообраќајот при запирање на возила од полицајците со кои на возачите им поделија флаери за безбедноста во сообраќајот.

Од СВР Куманово посочија дека во рамки на Неделата на безбедност во сообраќајот, следуваат и низа други превентивни акции на терен и едукативни содржини наменети за ученици од основни и од средни училишта, со цел поголема безбедност во сообраќајот и почитување на законските правила и прописи.

Leave a Reply