Убиствата на новинари ширум светот генерално минуваат неказнето

Сподели со своите пријатели

Речиси 80 отсто од убиствата на новинари ширум светот остануваат неказнети, според Глобалниот индекс за неказнивост на Комитетот за заштита на новинарите.

Loading...

Откако Обединетите нации го формираа Планот за акција за безбедност на новинарите пред десет години, ширум светот се регистрирани 263 убиства на новинари.

„Годишниот индекс е впечатлив потсетник за потребата од итни интервенции во име на новинарите ширум светот“, соопшти Комитетот за заштита на новинарите во пресрет на Меѓународниот ден на неказнивост на злосторствата против новинарите, кој се одбележува на 2 ноември.

„Видовме драматично зголемување на навредливите тактики што се користат за замолчување на новинарите, од шпионска технологија до лажни правни обвинувања“, рече претседателката на Комитетот Џоди Гинсберг.

„Покрај растечките закани, новинарите, скоро неказниво, беа убивани како одмазда за нивната работа. Овој недостаток на правда ги охрабрува сторителите да продолжат да ги замолчуваат медиумите“, додаде Гинсберг.

УНЕСКО исто така наведува дека неказнивоста за убиствата на новинарите останува на неприфатливо високо ниво.

Генералниот директор на УНЕСКО Одри Азуле рече дека „слободата на изразување не може да се заштити кога има толку неверојатен број нерешени случаи“.

Таа рече дека неказнивоста има „застрашувачки ефект врз истражувачкото новинарство“.

Loading...

„Борбата против неказнивоста и потрагата по правда за новинарите кои истражуваат и известуваат за корупција, злоупотреба, правна небрежност и кршење на човековите права никогаш не смее да престане“, велат од Коалицијата за жени во новинарството (CFWIJ).

„Новинарите и правото на слободни медиуми мора да се заштитат по секоја цена, бидејќи не може да има просперитетна демократија без силен и независен печат“, посочува CFWIJ.

Мексико најлошо

Осум години по ред Сомалија е најлошата земја според индексот на неказнивост за убиствата на новинари.

Следат Сирија, Јужен Судан, Авганистан и Ирак каде политичката нестабилност, конфликтот и слабото владеење на правото ја попречуваат одговорноста за нападите врз новинарите.

Авторитарното владеење и конфликтот не се единствените кои придонесуваат за широко распространетата неказнивост.

Насилството врз новинарите се зголемува, а националните механизми за заштита се покажуваат како неефикасни дури и во земји со демократски избрани влади како Мексико, Филипини и Бразил.

Во Мексико, каде во последните десет години има 28 нерасчистени убиства на новинари, како што наведува Комитетот, „се чини дека нема политичка волја да се бара правда“.

Само во првите девет месеци од оваа година во Мексико се убиени најмалку 13 новинари. Ова е највисокиот број убиени новинари за една година забележан од Комитетот.

Loading...

„Акциониот план на ОН обезбедува план, но на крајот националните влади се тие што мора да обезбедат заштита и правда. Мораме да видиме темелни, независни истраги за да го запреме насилството врз новинарите и политичките и економските последици за оние кои не успеваат да ги спроведат таквите истраги“, рече Гинсберг.

Мјанмар се најде на индексот за прв пат оваа година, со најмалку тројца убиени новинари во изминатата година.

Во Бразил, кој е на деветтото место на индексот, во јуни беа убиени британскиот новинар Дом Филипс и Бруно Переира, експерт за домородни прашања. Се сомнева дека ги убиле лица поврзани со нелегален риболов во регионот.

Нивните убиства укажаа и на опасностите со кои се соочуваат новинарите кои ја следат Амазонија и екологијата воопшто.

Русија не е на списокот

Годинава за прв пат на листата ги нема Русија и Бангладеш. Причина за тоа е методологијата на индексот, кој ги евидентира земјите каде што се убиени пет или повеќе новинари, додека во Русија и Бангладеш се убиени тројца, односно четворица новинари.

Сепак, како што наведуваат од Комитетот, тоа не значи дека има подобрување на состојбата со слободата на медиумите или безбедноста на новинарите во овие земји.

Бангладеш продолжува да затвора новинари според Законот за дигитална безбедност.

Од друга страна, Русија одамна е меѓу најлошите земји во светот кога станува збор за убивање новинари.

Loading...

Откако Владимир Путин ја презеде власта на крајот на 1999 година, најмалку 25 новинари биле убиени во директна одмазда за својата работа.

Меѓутоа, во последниве години, насочените убиства на новинари се намалени, како и просторот за независно известување.

Таа област е речиси целосно затворена откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари.

Според мерењата на Комитетот, од почетокот на војната во Украина се убиени најмалку 12 новинари.

Меѓу нив е и продуцентката на украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, Вира Хирич, која беше убиена во својот дом во Киев на 28 април.

Од 1992 година, кога Комитетот започна со мониторинг, 934 новинари се убиени ширум светот.

Loading...