Уапсен дедото на напаѓачот од Младеновац, кај него полицијата пронашла оружје

Сподели со своите пријатели

Дедото на младиот У.Б.(21), кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на Танјуг.

Loading...

Во куќата на неговиот дедо се криел осомничениот У.Б., каде полицијата го пронашла.

Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во белградското основно училиште, синоќа се случи уште еден напад.

Напаѓачот У.Б пукал во селото Дубона каде убил млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мало Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.

Според досегашните податоци, најмладата жртва е петнаесетгодишно дете.