Твитер трајно го суспендираше профилот на Доналд Трамп

Сподели со своите пријатели

Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп, наведувајќи го ризикот од „понатамошно поттикнување на насилство“.

Loading...

Компанијата ја објасни својата одлука во серија твитови.

Овој потег следи по, како што велат, неколкудневна критика на платформата затоа што претседателот, кој имаше повеќе од 88 милиони следбеници, сподели дезинформации и говор на омраза.

Профилот на Трамп претходно беше суспендиран поради твитање пофалби за неговите приврзаници кои во средата го нападнаа американскиот Капитол.

Покрај оваа социјална мрежа, Трамп е блокиран и на Фејсбук и Инстаграм.

Leave a Reply