Твитер официјално го смени името во X

Сподели со своите пријатели

Twitter го промени своето официјално корисничко име во X.

Loading...

Ако се обидете да пристапите до официјалната сметка на Twitter, ќе ја видите пораката:

„Оваа сметка повеќе не е активна. Останете во тек со X за најновото“.

Сите претходни твитови од сметката на Твитер сега се достапни на сметката X.

Маск се потруди да ги отстрани сите траги од сината птица

Тоа не е се. Услугата за претплата на Twitter „Twitter Blue“ сега се нарекува XBlue.

Ова значи дека повеќето од старите официјални сметки на Twitter повеќе не го користат името Twitter, туку го замениле со X.

Сепак, TwitterSupport сега е само Support, TwitterDev стана Xdevelopers, а TwitterAPI сега е API.

Според извештаите од Techcrunch, Twitter не го добил веднаш корисничкото име на X, бидејќи тоа корисничко име припаѓало на лице по име Gene X Hwang од студиото за фотографија/видео наречено Orange Photography.

Loading...

Сепак, тоа се промени.

Хванг напиша на Твитер со новото корисничко име „сè е добро што завршува добро“, па се надеваме дека на некој начин е компензиран што повеќе не го користи тоа име.

Маск, исто така, се потруди да ги отстрани сите траги од брендирањето и логото на Твитер, вклучително и делумно отстранување на знакот Твитер од неговата зграда во Сан Франциско.

Но, овој обид бил прекинат кога интервенирала полицијата бидејќи се уште нема потребна дозвола за такво нешто.